519
Во Кисела Вода се уште се води мртва трка, бидејќи разликата меѓу двата кандидата е 703 гласа, на обработени 84,15 проценти од гласовите.
Според податоците на ДИК, СДСМ е на пат да ја освои и оваа општина, бидејќи за нивниот кандидат Филип Темелковски гласале 13.817 гласачи, а довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски му ја дале 13.114.