697
Откако им пропадна деструктивната идеја за блокирање на Собранието, „невидените“ чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега, реагираат од владејчката СДСМ на најавата на ВМРО-ДПМНЕ за протест на 18-ти јуни.
-Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, протест е демократско право на опозицијата.
Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.
СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени, велат од СДСМ.