Села: Избори доколку нема преговори со ЕУ

by fokus

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни, тогаш Владата ќе го загуби кредибилитетот и многу веројатно е дека ќе има избори во октомври.

-Евроинтеграциите се дел од агендите на сите политички партии, но владеачката е таа која треба да ги реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори, тогаш оваа Влада целосно ќе го загуби кредибилитетот, порача Села.

Поврзани новости