СДСМ: На Милошоски местото не му во Собранието и политиката, туку пред надлежните судови

by Fokus

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е срам за македонската политика, срам за Собранието и е штетен по угледот на државата, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

-Последните докази за скандалот „Кражба“ потврдија дека Антонијо Милошоски извршил криминални дејствија кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија. Милошоски треба да замине од функцијата, особено што против негов се водат процеси и пред домашните судови и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда, велат од СДСМ.

Како што посочуваат во соопштението на Милошоски местото не му било ниту во Собранието, ниту во политиката, туку пред надлежните судови каде требало да ја дочека разрешницата на предметите што се водат против него.

-Неговата дволичност е метод со кој Милошоски опстојува во политиката предолго време. Тој манипулира со неговата лична улога во преговорите за името како министер за надворешни работи, за да може да ги прогласува предавници тие што всушност го решија спорот.Милошоски делува штетно по демократијата, по угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси.Милошоски, човек осуден во Германија и близок соработник на Христијан Мицкоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што против него се водат пред домашните судови, се вели во соопштението.

Поврзани новости