СДСМ: На долгогодишниот проблем со загадувањето му се пристапува одговорно и системски

by fokus

11 години ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот и се посвети единствено на криминал, корупција и лично богатење на поединци. Како последица на тој игнорантски однос , секоја година нивото на загаденост стануваше се по алармантно, велат од СДСМ.

„Денес, на долгогодишниот проблем со згадувањето му се пристапува одговорно и системски.

Во рамките на своите надлежности повеќе институции, на локално и централно ниво, како и Градот Скопје преземаат мерки и работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух.

Со обновување на дрворедите на скопските улици, пролетни и есенски акции на засадување на дрва, подигање на нови и реконструкција на стари зелени површини, зелени кровови и нови паркови , градот Скопје го враќа и дополнува зеленилото во Скопје.

Мерките како зголемување на инспекцискиот надзор на најголемите загадувачи,  детектирање на дивите депонии, гасификацијата, се дел од мерките кои придонесуваат за намалување на загаденоста  на воздухот.

Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички, а се субвенционираат трошоците на домаќинствата за набавка на печки на палети, што ги заменуваат нееколошките начини на греење.

Воведувањето на бесплатен автобуски превоз во деновите кога загаденоста е поголема, како и бесплатни автобуски линии до парк шумата Водно, воведување на електрични автобуси и набавка на нови 40 следната година исто така се дел од мерките што Град Скопје ги презема за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.

Со овие и други краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки надлежните институции работат  на намалување на загаденоста на воздухот која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови“, се вели во соопштението на владејачката партија.

 

Поврзани новости