СДСМ: МВР казни невини тутунари, а се кријат организаторите на црниот бизнис

by Фокус

Наместо борба со организираниот криминал со тутун и цигари, Груевски и Јанкулоска се впуштија во панична акција во која за жал настрадаа чесни земјоделци на кои им беше одземен тутунот.

Ова е реакцијата на СДСМ, од каде што побараа за нелегалното производство на тутунот „Вирџинија“, насаден во Могила да одговараат вистинските виновници, а не чесните тутунари, кои според партијата, биле наведени на противзаконско одгледување тутун.

-СДСМ предлага Владата на Република Македонија итно да најде начин да ги обештети земјоделците од Могила кои наивно верувајќи и на оваа власт, влегле во незаконско производство на тутунот Вирџинија и сега се оставени на цедило и прогласени за виновни од истата таа власт, рече Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ, додавајќи дека СДСМ бара веднаш, да се најде организаторот кој ги намамил земјоделците од Могила противзаконски да садат од тутунот.

Од СДСМ побараа одговор и за тоа дали и со чие одобрение од врвот на власта одел црниот бизнис на релација Могила – Арачиново – Косово?

-Кај кого завршувале цели 5 години по 5 милиони и 200 илјади евра пари на црно, годишно, од бизнисот со тутун и цигари на црно? Кој избегнува данок во износ од над 2 милиони и 500 илјади евра годишно?, праша Кирацовски.

 

Поврзани новости