СДСМ му порачува на Груевски да овозможи мирен трансфер на власта

by fokus

Груевски мора да прифати дека е опозиција, реагира СДСМ на изнесените ставови на Никола Груевски.

СДСМ порачува дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, наместо да поттикнуваат поделби, омраза и насилство.

„Сите граѓани ќе имаат пристап до гас затоа што цела Македонија ќе биде гасифицирана како што е предвидено во Програмата на новата реформска Влада на граѓаните. Груевски напразно ветува бидејки граѓаните знаат дека тој имаше 10 години да донесе природен гас во полошкиот регион, како и секаде низ Македонија, но тоа не го стори затоа што беше заинтересиран за личното богатство на фамилијата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани новости