Мицкоски рипна да го брани својот шеф Никола Груевски, фрустриран од сопствената безидејност ги легитимираше дури и насилствата од 27 април и се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27 април, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.
-Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието. Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски. Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства.. Нема Мицкоски да кажуваш ти кој е виновен а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции. Република Северна Македонија е правна држава. Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка. А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо. Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија, велат од владеачката партија.