СДСМ: Мицкоски призна дека е хистеричен, но го навреди и македонскиот народ

by Fokus

Владејачката СДСМ реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот антивладин протест. Од СДСМ велат дека Мицкоски е хистеричен, а дека ги навредил и македонските граѓани.

Во соопштението од СДСМ испратено до медиумите содржи и дефиниција за „хистерија“ повикувајќи се на дигиталниот македонски речник каде што пишува дека „хистеријата е нервно растројство“.

-Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ. Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски, велат од СДСМ.

Во писмената реакција, од СДСМ велат дека Мицкоски го кочи напредокот на земјата.

-Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ. Но нема да успее очајниот Мицкоски. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости