Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, позитивен на ковид-19

by Fokus

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски е позитивен на ковид-19 вирусот. Пекевски кој во текот на изминатите денови имал благи симптоми направил тест, чиј резултат утврдил присуство на новиот коронавирус.

Во својата изјава до јавноста Пекевски вели дека своите работни обврски во време на изолација во наредниот период ќе ги извршува од својот дом.

-Во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид 19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен. Ве известувам дека, како Општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом, истакна Пекевски.

Во Берово во изминатите денови е забележано значително зголемување на бројот на новозаразени од вирусот поради што Општината презеде низа дополнителни мерки за заштита на граѓаните.

Поврзани новости