СДСМ: Мицкоски подмолно се радуваше на бројот на починати

by Фокус

Христијан Мицкоски подмолно се радуваше на бројот на починати, во очаен обид политички да профитира врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели, со што го допре политичкото дно, обвини СДСМ.

„Лицемерно е што Мицкоски со месеци ги критикува мерките на Владата, а сега повикува на нивно почитување. Лицемерно е што високиот функционер на Мицкоски, лекарот Вело Марковски многу пати во јавноста зборуваше за теории за заговор за некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски. На Мицкоски му требаа осум месеци да сфати дека пандемијата зема замав, бројот на инфицираните расте, болниците се преполнуваат, а здравствените работнци се уморни од постојаната пожртвувана борба со вирусот“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости