СДСМ: Мицкоски нема да успее, проевропското крило на ВМРО станува се посилно

by fokus

Христијан Мицкоски повеќе не знае што да направи за да си ја задржи разнишаната фотелја во Белиот дворец, откако му пропаднаа сите лаги и обиди блокирање на европската иднина на државата.
Му се изјаловија најавите за бугаризација и асимилација, му пропаднаа сценаријата за дестабилизација, не усепаа обидите за блокада, остана сам со проруската Левица и партнерот Апсиев, против ЕУ, реагира СДСМ по најавите на опозициската партија дека ќе собира потписи за задолжителен референдум со кој ќе се поништи договорот со Бугарија.

-Колкаво е лицемерието и неискреноста на Мицкоски потврдуваат неколку факти.

1. Токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.

2. Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.

3. Проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ стаува се посилно, не се согласува со Мицкоски и сака да продолжи европскиот пат на земјата.

4. Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа.

5. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски не гласаа во македонското Собрание туку избегаа, сега сакаат одговорноста да им ја префлат на членовите на партијата.

Референдум против членство во ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости