ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, продолжува со креирање на измислени и непостоечки случаи, реагираат од СДСМ.
„Јавноста сеуште чека одговори од Христијан Мицкоски за фирмата на неговиот баџанак. Наместо да се крие Мицкоски да каже кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев , „Дано Транс ЕООД“.
Мицкоски да каже и за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Васил Пишев кои имаат фирми во Бугарија, отворени исто така во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Колку повеќе се приближува датумот на престојните претседателски избори, толку повеќе расте нервозата кај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Во отсуство на идеја, програма и план, немајќи што да понуди на граѓаните, Мицкоски го тера неговото познато сценарио на креирање лажни вести“, велат од СДСМ.