Откако ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини власта дека епидемијата на непотизам се шири, односно не запираат вработувањата на баратучеди, синови, снаи, со реакција се јавија од СДСМ.
-Јавноста и граѓаните очекуваат одговор и конкретни чекори од Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Милошоски.
Мицкоски, Милошоски имате ли образ?
Наместо да се криете до јавноста излезете и повикајте ги своите роднини да се повлечат од работните места во јавната администрација и државните компании, дајте конкретен придонес против непотизамот.
Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс.
Повикај го и пратеникот Милошовски да ги повлече од работа:
неговата снаа Александра вработена во УЈП,
неговиот вујко Владимир вработен во Катастар,
братучедот на Милошоски, Станко вработен во Централен регистар,
братучедката Елизабета вработена во основно училиште,
неговиот зет Марјан, раководител во МЕПСО.
Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.
Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема, се вели во соопштението на СДСМ.