„Како не ти е срам Мицкоски? Системската реакција на Македонија за трагедијата во Кочани била подобра од Швајцарија? Што има добро во 63 изгубени животи? Каква системска реакција? Згаснаа млади животи и секој ден се случува некоја трагедија“ реагираат попладнево од СДСМ.
Велат „63 жртви има заради системски пропусти, мајка и дете во Скопје го загубија животот заради системски пропусти на МВР, сериски убиец уби 5 жени во Старо Нагоричане заради системски пропусти, 5 тони дрога преку граница. Цел ден Мицкоски зборува за „успесите“ на Македонија? Петта економија сме биле ама со најниски плати“.
„Нови автопати, додека се уриваат оние направени пред 6 месеци. Најавува намалување на цената на дизелот за два денари, а ја покачи за 14,5 денари Зошто само два? Треба да се наплатат провизии? Ова е нарко-картел ВМРО-ОКГ на чело со македонскиот Мадуро. Треба да ви биде јасно дека сите ќе одговарате! Сите до еден! За вас нема да биде како со Груби – домашен притвор. Сите ќе одите во Идризово на многу години, и тој вашиот газда од Будимпешта“ велат од СДСМ.