734
Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби, реагира СДСМ по денешниот настап на Мицкоски на Сител.
„Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините. Затоа Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска“, стои во реакцијата на СДСМ.
Од таму додаваат дека новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година.