СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фокусирани на барањето амнестија за Груевски

by fokus

Од владејачката партија СДСМ велат дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ покажува нервоза и дека се заглавени во барањето амнестија за Груевски.

„Нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија се уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето амнестија за криминалот. Фокусирани на барање амнестија, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ целосно го загубија правецот на делување и недозволиво омаловажија над 600 илјади граѓани, прогласувајќи ги за нерелевантни. Нема ништо порелевантно од волјата на над 600.000 граѓани. Граѓаните се најважни! Волјата на граѓаните на реферeндумот е јасно изразена, граѓаните се за иднина на Македонија во ЕУ и НАТО. Над 600.000 граѓани кажаа дека се ЗА напредок и интеграција. Сите пратеници, сите политички партии треба да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и треба да се вклучат во процесите за членство во ЕУ и НАТО“, велат од СДСМ.

Поврзани новости