СДСМ: Мицкоски го ризикува јавното здравје за да ја спаси фотелјата

by Фокус
За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, реагира СДСМ кон денешниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време кога државата се соочува со есенски бран на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема, масовно се прекршува.  Таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски, тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие.  На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните“, стои во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости