СДСМ: Мицкоски ги брани криминалите на Груевски, корупцијата е последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Владејачката СДСМ реагира на видео обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во кое тој вели дека Македонија тоне во корупција. Од СДСМ велат дека корупцијата е одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а дека сега штетите од коруптивното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се санираат.

-Христијан Мицкоски ги брани криминалните политики на Никола Груевски коишто нанесоа огромна штета на државата и општеството и коишто граѓаните ги поразија. Последниот извештај на Транспаренси интернешенл се однесува на состојбите во 2017 година и ги рефлектира последиците на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости