553
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави разговор за кој тврди дека се води меѓу министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и уредникот во „Сител“, Драган Павловиќ-Латас. На снимката се слуша како министерката си нарачува прилог во вестите на „Сител“. Латас, пак, и враќа дека не можел да ги исполни сите нарачки.
-Твојот премиер толку многу нарачува прилози. Еве во вестите, од 12 прилози дури 7 беа по нарачка, и вели уредникот Латас на министерката.