СДСМ: Михајловски директор како награда за бранењето на криминалите на Груевски

by Фокус 18:03
18:03

На крајот од мандатот, Никола Груевски се обидува да ги награди најверните поддржувачи на неговите виртуелни политики што ја опустошија Македонија и ги осиромашија граѓаните. Денеска, Никола Груевски го назначи Тони Михајловски за нов уметнички директор на МНТ. Ова е многу повеќе од дополителна партизација на културата, реагира СДСМ на назначувањето на Тони Михајловски за уметнички директор на МНТ.

-Михајловски по налог на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше криминалот и корупцијата на Никола Груевски во изминатите години, преку квази-здружението ГДОМ. Додека граѓаните на Македонија слушаа за сите злоупотреби на Никола Груевски, за незаконското прислушување, провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, изборните грабежи, заташкувањето на убиството на Мартин Нешковски, нарачаните казни, арачот и затворањето на фирмите, незаконското рушење на инвестицијата Космос, местенките во судството, дил-ориентед политиките, припадниците на ГДОМ го бранеа со трибини. Затоа Груевски ги наградува на крајот на мандатот, се вели во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Од опозициската партија дополнуваат дека пред неколку недели, со наградите „13 Ноември“ Коце Трајановски им се оддолжил на дел од останатите припадници на ГДОМ и поддржувачи на Никола Груевски, како Димитар Мирчев, Јелена Жугиќ и Братислав Димитров.

-Тоа се луѓето на Никола Груевски коишто на сите граѓански протести организираа контрапротести или паралелни здруженија кои служеа за потсмев кај македонската јавност. Ништо не го спасува Никола Груевски од изборен пораз, ниту квази-здруженија, ниту виртуелни награди. Граѓаните бараат прмени, победува слободна Македонија. Граѓаните порачуваат: Збогум Никола!, велат од СДСМ.

Поврзани новости