Приведувањето на Заев одложено поради Денот на дрвото

by Фокус 17:47
17:47

Основниот суд Скопје 1 денеска ја информираше јавноста дека сите рочишта кои се закажани за втори декември, меѓу кои и случајот „Пуч“ во кој е обвинет и Зоран Заев, ќе бидат презакажани за друг ден. Како што информираа од Судот, причина за одложувањата на сите предмети  е одржувањето на Денот на дрвото.

-Ја информираме јавноста дека сите судења во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, насрочени за овој ден, ќе бидат одложени и презакажани за друг ден. Сите граѓани кои се странки во одредена постапка за која е закажана главна расправа токму на овој ден, дополнително ќе бидат известени за кога се презакажуват судењата, се вели во соопштението од Судот.

- Advertisements -

На втори декември требаше да биде шестиот обид да почне судењето за „Пуч“, а судијката која го води предметот при последниот обид кога четвртоосомничениот Зоран Заев не се појави во Судот, рече дека при наредното рочиште тој ќе мора да биде стражарски приведен.

Поврзани новости