СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

by Fokus

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од коронакризата, креирани и реализирани до институциите – даваат резултати, а со четирите пакети мерки , 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството, велат од владејачкиот СДСМ.

-Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека во однос на преткризниот период, се бележи раст на буџетските приходи, а растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека 5 отсто е растот на даноците и придонесите.

-Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека нивната партија продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија.

 

Поврзани новости