Заев, Села и Гаши на средба за прашањето на државјанство и одблокирање на Собранието

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска во 11 часот во Собранието ќе се сретне со претседателите на опозициските албански политички партии Зијадин Села и Африм Гаши во врска со прашањето за државјанство и одблокирање на работата на македонското Собрание. Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добие државјанство, туку со некаков документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија.

Се предлага можноста за добивање на државјанство да се докажува со ученички книшки, здравствени и работнички книшки, штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

Поврзани новости