435
СДСМ денеска преку соопштение истакна дека меѓународната заедница дава поддршка на мнозинството од 700 илјади граѓани кои гласале за промени и кои ја очекуваат новата влада.
-Секој ден изгубен во меѓусебни реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е ден без покачена минимална плата на 12 илјади денари, без евтина тарифа на струјата, без укината радиодифузна такса и без укинато екстерно тестирање, без решен статус на стечајните работници, се наведува во соопштението.
Од СДСМ додаваат дека граѓаните и меѓународната заедница очекуваат веднаш да биде избран претседател на Собранието, за тој да го извести Ѓорге Иванов дека треба да му го даде мандатот на претседателот Зоран Заев и да биде формирана новата реформска влада.