Медиумиските курири платени со пари на граѓаните не го пренесоа ставот на Европската комисија дека не гледа ни минимални услови за веродостојни избори на 5-ти јуни, реагираат од опозицискиот СДСМ откако дел од провладините медиуми не ја споделиле веста со јавноста.
– Европската комисија потврди дека потребно е „неодложно справување со постојаните проблеми со владеењето на правото“, што особено се однесува на потребата за повлекување на аболициите од Иванов. Медиумските курири хистерично шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината. Во Македонија може да има само слободни, фер, демократски и регулрани избори. Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест ни од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара. Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија – се наведува во партиската реакција.