Заев за разлика од Груевски: Избори на 5 јуни нема да има

by Фокус

За разлика од Груевски, кој тврди дека избори на 5 јуни ќе има, лидерот на на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев исто така во интервју за Франс Прес тврди дека избори нема да се одржат на 5-ти јуни, повикувајќи се на разговори меѓу претставници на меѓународната заедница и политичките партии.

Заедно знаеме дека изборите ќе бидат одложени – рече тој во разговорот направен кратко по средбата со Јоханес Хајндл.

Заев очекува дека сите политички партии на почетокот на следната недела, во согласност со македонските закони ќе го повикаат Вељановски да свика седница и додаде дека ДИК најверојатно, ќе објави “дека условите за избори не се исполнети”.

Поврзани новости