СДСМ: Медиумските курири на власта се плашат од вистината

by Фокус

Нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири покажува дека најголем страв имаат од вистината, затоа Груевски нервозно ровари против процесoт за професионални медиуми, заедно со медиумските послушници навикнати на корупција со пари од граѓаните, реагираше СДСМ.

„Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните. Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести објавени од ова гласило. Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат. Затоа воопшто не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики. Затоа се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија, иако минаа недели. Курир се уште крие од јавноста кој навистина работи за овој портал / информативна агенција / агенција – партија и не го објавува својот импресум. Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.Затоа и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор“, потенцира СДСМ во соопштението.

 

 

Поврзани новости