СДСМ: Медиумскиот мрак е платен со народни пари

by Фокус

Сега е уште појасно зошто точно 50 дена, Курир, Република и Радио Слободна Македонија молчеа од каде им се милионите евра на нивните сметки, а молчеа и институциите. Медиумскиот мрак во Македонија, пропагандата, медиумските хајки се платени со пари на граѓаните. Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра, пари на граѓаните, реагира СДСМ.

„Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се симнуваат екраните на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа. Јасно е сега од каде се приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617 илјади евра на Радио Слободна Македонија. Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, овие медиуми со народни пари шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков“, велат од опозициска партија.

Од таму дополнуваат  дека новата Влада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински информирани граѓани може слободно да носат одлуки за иднината на својата држава.

Поврзани новости