Претседателот на Извршниот одбор на Синдикатот на македонската дипломатија, Сашко Тодоровски, во денешниот говор на протестот пред Министерството за надворешни работи, истакна дека на почетокот на мандатот на оваа власт, таа се мислела како да постапи „комуњарските кадри“.

-Имено, на почетокот од мандатите на актуелнава власт беше забележливо дека се колебаат што да прават со ова „стариве, а богами и комуњарски кадри“. Сепак, во таа фаза имаше напори тие кадри да бидат искористени или барем да биде консумирано нивното знаење и вештини. Наредната фаза е веќе посурова – барање каков и да е начин да се „ослободат“ од тие кадри. За таа цел беше употребена специјална методологија – почнаа да се носат законски измени малку да претерам – на дневна основа, рече Тодоровски.

Како што кажа Тодоровски, после ова, настанал тотален хаос и тоа и открило нова перспектива на власта: хаосот и беззаконието овозможуваат дипломатско- конзуларната мрежа да се употребува на такви начини што се граничат со злоупотреба и никој да не понесе ниту најмала одговорност за тоа. Така стигнавме до актуелната фаза, фаза на неказнивост, објасни Тодоровски.

 

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.