479
Курирските медиуми повторно одработуваат за власта на обвинетиот Никола Груевски пласирајќи шпекулации кои немаат апсолутно никаква врска со вистината, реагираат од опозицискиот СДСМ.
– Намерите им се да го дискредитираат СЈО зашто знаат какви криминали правеле и знаат дека правдата ги стига. Со објавување наслов кој на никаков начин не е поткрепен во текстот, куририте прават тешка клевета за наводна поврзаност на СДСМ и СЈО, и за наводно финансирање на кампањата со пари од обвинителството. Сите овие медиуми ќе мора на суд да објаснат зошто ги пишуваат овие лаги – се наведува во партиското соопштение.