Јанева: Срамота е што Судот и по шест месеци не ни даваше докази

by fokus 15:12
15:12

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска продолжи да одговара на прашања од пратениците поставени на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Таа уште еднаш повтори дека одговорот за тоа кој прислушувал е во случајот „Пуч“.

-СЈО на 21 декември 2015 го доби овој предмет и побара од судот да ги добие доказите. Четири дена подоцна пак побаравме да ни ги дадат доказите. Судот рече дека можеме да ги видиме доказите и тоа го сторивме. Пoдоцна за одредени докази ни беше речено дека имало тајни списи, па не ги добивме. Подоцна Апелација го учеше Основен суд Скопје 1 дека не смее од СЈО да им ги крие доказите. Шест месеци еден суд да не ни даде докази е срамота, рече Јанева одговарајќи на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

- Advertisements -

Јанева им замери на пратениците што место да си ја работи својата работа, три дена ја држат во Собранието.

 

Поврзани новости