СДСМ: Медиумите на Груевски во целосна одбрана на срамната одлука на Уставен суд

by Фокус

Медиумите под контрола на Никола Груевски се ставија во целосна одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со изборните измами, реагираат денеска од опозициската СДСМ.

-Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, од тефтерчето, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, го рушат функционирањето на правдата и правната држава. „Курир”, „Република” и „Радио слободна Македонија” со месеци молчат за милионите на нивните сметки, но затоа секојдневно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека овие три медиуми се провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Поврзани новости