416
Изградбата на марина на охридското крабрејжје и на експресниот пат Охрид – Пештани не само што е стари проекти, туку се проекти кои имаат сериозно штетно влијание врз животната средина на градот, обвини денеска преку соопштение.
Тие велат дека власта повторно ги излажала охриѓани, од една страна овие работи ги ветила пред три години, а од друга одбива да ги спомне штетните последици по градот.
-Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид не им ја кажаа болната вистина на охриѓани – дека постоечките проекти за марината и за експресниот пат имаат негативно влијание врз животната средина и дека никогаш нема да бидат реализирани. ВМРО ДПМНЕ ја крие вистината од охриѓани дека со таквите проекти сериозно се загрозува нашето природно наследство – Студенчишкото блато и Галичица. Затоа меѓународните финансиски институции одбиваат да ги финансираат ваквите штетни проекти на корумпираната власт, а Охрид годинава ќе се најде на листата на загрозени подрачја што се под заштита на УНЕСКО, се вели во соопштението на СДСМ.