Социјалдемократскиот сојуз реагираше на новиот извештај на Светска банка според кој, Македонија се најде на 10 место по „Дуинг Бизнис”. Од СДСМ сметаат дека извештаите на Светска банка, власта ги толкува селективно и не го земаат во предвид укажувањата за задолжувањата.
-Светска банка во својот последен Извештај изрази загриженост за темпото со коешто се задолжува Р.Македонија. Светска банка констатираше дека јавниот долг достигнал 50% од БДП! Според истиот извештај на Светска банка намалени се приватните инвестиции во Македонија! Тоа значи дека е намалена инвестициската активност на домашните претпријатија во нашата земја. Оваа власт на Никола Груевски затвори 10.000 домашни фирми. Секоја трета фирма е со блокирана сметка. Никола Груевски им натовари на граѓаните на Р.Македонија долг од 5 милијарди евра. Затоа што ја уништи егзистенцијата на граѓаните и економијата на државата Груевски со соработниците не смее да ја води државата! На 11 декември граѓаните ќе изберат живот во Македонија! – стои во соопштението на СДСМ.