Богоевски: Јордан Мијалков немаше никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ!

by Фокус

Првиот македонски министер за внатрешни работи Јордан Мијалков немаше никаква допирна точка со ВМРО-ДПМНЕ, рече поранешниот шеф на македонската разузнавачка служба Слободан Богоевски во интервју за Топ-тема на телевизија Телма.

-Не само што Мијалков немаше врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку заради него во поранешната држава многумина вмровци беа осудувани – истакна Богоевски.

Тој додаде дека Никола Груевски и Сашо Мијалков намерно ја експлоатирале приказната дека нивниот вујко, односно татко, бил убиен од разузнавачките служби, бидејќи, според него, тоа им служело како легитимација за влез во ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости