422
Македонија има независно и професионално судство, ниту Мицкоски ниту Груевски, ниту кој било друг не може да интервенира врз судски одлуки, велат попладнево од СДСМ.
-Мицкоски и раководството да престанат да се интересираат за амнестии и да дадат одговор дали се за национално обединување или не? Дали се за НАТО и ЕУ или не? Конечно, ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и понатаму, по секоја цена да ја блокира иднината, го повикуваме секој пратениик да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и за подобар живот за сите граѓани. Ако тоа не се случи, мнозинството во Собранието ќе изгласа предвремени избори на кои ќе бидат обезбедени потребните 2/3 во Собранието, сигурни се од СДСМ.