Приведен тетовчанецот кој вчера си ја уби сопругата

by fokus

Вечерва полициски службеници во Тетово во с. Гајре го приведоа А.К.(53), осомничен дека вчера во село Мала Речица со пиштол ја убил неговата сопруга Х.К.(52).

Според првичните информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица.

По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил по што избегал.

Поврзани новости