СДСМ предупредува дека државата речиси е без електрична енергија и тврди дека во пресрет на снежниот бран, власта увезувала струја од странство.
-Македонија е речиси без струја. Постојано не работат некои од блоковите на РЕК Битола. Енергетскиот комбинат е во ваква состојба и покрај наводните поправки што досега ги чинат граѓаните неколку стотици милиони евра. Многу граѓани поради несериозните политики на досегашната власт, го откажаа парното и се греат на струја.
Важно е луѓето да знаат дали се оставени без струја на големиот студ што ја зафати Македонија. Според нашите информации владата во заминување, за да го покрие скандалот, бара интеревентен увоз на струја од странство- велат од СДСМ.
Од партијата прашуваат колку ќе ги чини граѓаните интервентниот увоз на струја и дали е тоа решение.