Според извештајот „Зелен раст“ на Светска банка за 2014 година, Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Дополнително, Светка банка наведува дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од честичките ПМ 10, реагираат од опозицискиот СДСМ.
Токму на оваа тема вечерва, со почеток во 19:00 часот, во големата сала на советот на општина Велес, ќе се одржи дебата од проектот Визијата за Македонија на тема „Чиста животна средина“.
– Сознанијата на Светска банка упатуваат на тоа дека цврстите честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, поради предизвикување на различни болести на дишните патишта па дури и рак. Власта во заминување е директен виновник за состојбата со животната средина во Македонија. Проблемите со загаденоста на животната средина се крајно загрижувачки и го земаат најскапиот данок-човечкиот живот – се наведува во соопштението на СДСМ.
На темата ќе се обратат: генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчевски и претседателот на Комисијата за енергетика, Митко Андреевски.