Владеачката партија излезе со рекации откако беше нападната од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека дава празни ветувања кои не ги исполнува. Од СДСМ реагираат дека е лицемерно тоа што опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години била против идејата на новата Влада за укинување на радиодифузната такса, денес „глуми“ дека се залага за тоа.
„До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека укинувањето на радиодифузната такса е „апсурдна и неука идеа на СДСМ“ а денеска лицемерно поднесува предлози за укинување токму на радиодифузната такса.
Како и во изминатите години, така и за време на пржинскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на барањето на СДСМ, Јавниот сервис да се финансира од Буџетот, за да се намалат трошоците и да се спречи блокирање сметки на граѓаните. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за потребите на граѓаните одамна ќе ја укинеше оваа давачка“, реагираат од СДСМ.
Денеска во Собранието беше одбиен предлогот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за измените по брза постапка во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се бараше веднаш да се укине давачката за МРТ.