СДСМ: Левица наликува на крајна десница и е погласна од Груевски

by fokus

Левица стана дел од ретроградните струи и наликува на крајна десница, велат од СДСМ откако партијата Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за загрозување на независноста на државата.

„Раководството на Левица, со своето однесување станува дел од ретроградните структури што дејствуваат против стратешките интереси на граѓаните и државата и истовремено е погласна дури и од Груевски во намерите Македонија да се откаже од членство во ЕУ и НАТО. Левица, субјектот за којшто не е до крај јасно дали е политичка партија или невладина организација, очајнички се обидува да се факторизира продуцирајќи лажни вести исто како и ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се обидите на истомислениците на Груевски и Мицкоски, да ја вратат Македонија во времето на поделби и изолации. Македонија чекори кон напредок, економски раст и интеграција. Македонија е едно општество во кое радикалните структури се поразени“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата и дека ниту еден обид, како што велат, за дефокусирање од страна на Левица не може да го засени успехот на Владата предводена од СДСМ како на домашен, така и на меѓународен план.

Поврзани новости