Криминалното ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните дознаа за нивните милионски зделки од 136 милиони евра и се обидува да креира конфузија и преку фабрикувани лаги за претседателот Ковачевски да ја замајува јавноста и да дефокусира, реагираат од СДСМ.
„Очекувамe обвинителството конечно да покрене случај и да ги расчисти овој скандал од 136 милиони евра, но и сите претходни криминали на најбогатата партија во Европа ВМРО-ДПМНЕ која го има опљачкано нашиот народ за многу генерации нанапред.
Претседателот Ковачевски ниту е поврзан ниту на кој било начин влијае на работењето на компанијата која ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се бави со фабрикувани лаги за Ковачевски, Лефков да побара од Мицкоски струјата од неговите хидроцентрали да ја даде бесплатно на граѓаните“, додаваат од владејачката партија.