Тупанчески до идните студенти: Брзајте пополека, не учете за оцена!

by Fokus

Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им посака да имаат среќна и успешна година, да го искористат својот потенцијал, да бидат креативни.

„Старите Римјани рекле „Festinа lente“. Брзајте, но бавно, пополека – кон вашата цел, а тоа е кога ќе завршите со ова поглавје, еден ден да станете истакнати правници, адвокати, судии, обвинители, новинари, професори, политолози, па и политичари. Тоа ќе го постигнете само со учење. Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете! Знаењето никој, никогаш не може да ви го одземе! А многу брзо ќе дојде времето кога кормилото ќе дојде во ваши раце и знаењето ќе треба да го примените во пракса”, им порача на идните студенти министерот за правда Никола Тупанчески.

Оваа генерација на студенти се разликува од претходните. Новиот стил на живот, рече Тупанчески, а посебно условите кои се наметнаа во изминативе неколку години, доведоа до тоа студентите да бидат постојано присутни и активни на социјалните мрежи, па дури и дел од процесот на образование да го следат по видеоконференциски пат.

Поврзани новости