СДСМ: „Куририте“ на Груевски заработуваат три милиони евра годишно

by Фокус

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Макдонија“ во 2013 година само со еден вработен „Радио слободна Македонија“ остварила 242.000 евра приходи. Како е можно со само 1 вработен да оствари приходи “Радио слободна Македонија” да оствари приходи од 242.000 евра? Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков. Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

„Курир” две недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на „Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ. Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски? Дали пропагандата по нарачка на Никола Груевски, за прикривање на криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, се плаќа со пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости