По долги години „Курир“ конечно го објави својот импресум, но, се уште крие од јавноста кој е главен и одговорен уредник на овој овој портал/информативна агенција/агенција – партија, коментира СДСМ.
– Се уште нема одговор ниту на прашањето дали тоа значи бегање од одговорност или потврда на она што цела јавност го знае за вистинскиот уредник на повеќе медиуми во Македонија, Никола Груевски. Иако речиси секојдневно се потврдуваат лагите на медиумските курири тие упорно објавуваат нови. Курир“ пред четири дена „ги призна грубите лаги и му се извини“ на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски. Извинувањата од куририте се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Груевски – се наведува во соопштението на СДСМ.
Според оваа партија, ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.