СДСМ Куманово: Салиевски, советник од ромската заедница е нападнат физички од тимот на Димитриевски

by Fokus

Советникот на СДСМ и коалицијата Самет Салиевски бил физички нападнат од Реџеп Реџеповски, советник од тимот на Максим Димитриевски, a sлучајот е пријавен во СВР Куманово изјави тој на прес конференција.

Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.

-Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз Ромите, рече тој.

Советникот Салиевски не сакаше да навлегува во деталите на насилството кое го извршиле врз него, апелираше надлежните институции да го расчистат случајот.

 

Поврзани новости