Вселенскиот патријарх Вартоломеј заврши во болница во Вашингтон

by Fokus

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен в болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон, откако се почувствувал лошо. Тој е хоспитализиран откако не се почувствувал добро непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД.

Неговиот лекар го советувал да се одмори, а од превентивни причини бил пренесен во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“.

Вселенскиот патријарх пристигна во Вашингтон синоќа и беше срдечно пречекан од членовите на грчко-американската заедница и црковни претставници. Неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“.

Ова е негова прва посета на САД од 2009 година. За време на престојот таму, предвидено е да се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар, Ентони Блинкен, и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Поврзани новости