Никола Груевски покажа дека за него и за криминалната банда од врвот на ВМРО-ДПМНЕ најважни се аболициите што по нарачка ги добија од лицето Ѓорге Иванов, велат денеска од СДСМ.
-Целта на Никола Груевски е што повеќе да ја искомплицира длабоката криза во Македонија надевајќи се дека ќе тргува со се’, само за да остане аболицијата од Иванов. Граѓаните и цела демократска Македонија предводена од Зоран Заев порачуваат: Ништо нема да ја спаси криминалната банда на Никола Груевски од одговорност. Секој што го прекршил законот ќе одговара! СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.
Од опозициската партија порачуваат дека нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.