Герет: Политичка и правна одговорност за сите!

by Фокус

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на својот „Твитер“ профил им порача на македонските политичари, итно да најдат решение за излез од политичката криза.

„Пролонгираната несигурност за тоа како политичките лидери ќе ја решат политичката криза останува да биде голема загриженост за социјалната, безбедносната и економската добросостојба на земјата. Политичките лидери треба итно да се договорат и да најдат веродостоен начин  како да продолжат понатаму. Договореното треба да биде навистина сигурно и одржливо и треба да го реши претседателското помилување на начин на кој што ќе се заштити владеењето на правото. Тоа вклучува обезбедување на правна одговорност за сите граѓани“ – напиша Гарет.

 Инаку, преговорите на  меѓународната заедница со македонските партии продолжуваат и се одвиваат на одвоени средби. Извори кои се вклучени во нив , за Телма велат дека на маса се 3 барања: поништување на аболицијата, одлагање на изборите, а Уставниот суд да се прогласи за ненадлежен за работата на специјалното јавно обвителство.

 

Поврзани новости